Microsoft подготвува помошни мобилни апликации за HoloLens

од Vlatko K
130 прегледи

Досега платформата за додадена реалност на Microsoft Windows Mixed Reality беше ограничена до
очилата за виртуелна реалност HoloLens. Сега сепак компанијата ги објави своите намери да пушти
апликација за Android (Dynamics 365 Remote Assist) што ќе нуди можност за повратни информации
од корисниците на очилата.


Во моментов, овој тип на комуникација се одвива само преку самиот уред со вградената камера,
овозможувајќи да додадете белешки кон сликите. Со верзијата на Android, корисникот може да го
користи и неговиот телефон. Оваа опција нема да може да ја замени целосната опција, бидејќи не
ги обезбедува истите визуелизации и опции за слободно движење.

Апликацијата, сепак, ќе го олесни процесот на комуникација благодарение на подостапните уреди,
како паметни телефони. Dynamics 365 Remote Assist ќе се појави на пролет.

Microsoft исто така подготвува iOS апликација наречена Project Visualize. Таа ќе биде насочена кон
корисниците кои продаваат сложени производи, како што се автомобили и други машини,
овозможувајќи скалирање на комплетните модели во додадена реалност.

Се уште не е јасно кога можеме да ја очекуваме оваа апликација.

Шефот на одделот за додадена реалност во Microsoft, Лорен Бардин вели дека една од сегашните филозофии на компанијата поврзани со платформата, е таа да биде достапна за корисниците, а тоа се почесто се случува преку телефон.

Новите мобилни апликации ќе му овозможат на Microsoft да тестира каква вредност корисниците
на мобилни уреди имаат да понудат. Веста доаѓа непосредно пред претстојниот настан на Microsoft
на Мобилниот конгрес, на кој се очекува да ги презентира HoloLens од втората генерација.

Се претпоставува дека новиот модел ќе биде полесен и поудобен од својот претходник и ќе понуди
пошироко видно поле. Иако некои забавни апликации се веќе достапни, HoloLens останува во
голема мера фокусиран на професионални корисници и научни институции.