Корисниците на Windows 10 ќе добијат значителни подобрувања во функционалноста на
оперативниот систем и поконкретно во технологијата за ажурирање. Промената ќе дојде со
следното големо ажурирање на крајот на мај.

Microsoft официјално го објави оваа недела ажурирањето Windows 10 May 2019 Update – тпа е од
категоријата на големите надградби со функционални промени кои компанијата ги прави два пати
годишно во оперативниот систем.
Следната недела, учесниците во програмата за тестирање на Windows Insider ќе почнат да добиваат
Windows 10 May 2019 Update. Најважната промена во ова издание на Windows 10 е зголемената
контрола над надградбите на системот.
Досега, надградбите на Windows 10 автоматски се инсталираа на компјутерите на потрошувачите.
Отсега корисниците ќе добиваат известувања дека системот е подготвен за ажурирање, и ќе имаат
избор – да ги инсталираат веднаш надградбите или да ја одложат инсталацијата за 35 дена (до 5
пати по 7 дена).
Microsoft специфицира во својот блог дека дури и ако корисникот ја одложи инсталацијата на
функционалното ажурирање, системот ќе продолжи да прима месечни ажурирања поврзани со
квалитетот и дупките за безбедност.
Windows 10 May 2019 Update вклучува голем број на други иновации. Додадена е, на пример, нова
светла тема, подобрувања на Windows Sandbox, поддршка за Windows Kaomoji, посебно
пребарување со Cortana Voice Assistant и многу повеќе.