Само за една ноќ Грција донесе на македонската граница 6.000 бегалци.Во 24 часа стигнаа 10000.

Само во текот на изминатата ноќ 6-ти против 7-ми септември во Македонија организирано влегоа е околу 6.000 луѓе. Сите тие биле пречекани и започна постапка за нивно регистрирање и идентификација, но поради постојано зголемување на бројот добар дел од нив и без регистрација биле пренесени директно до транспорот.
Во утринските часови грчките власти донесоа уште околу 3.000 луѓе. Овој огромен миграциски поток се очекува да продолжи и во текот на наредните денови. за 24 часа , 10000 бегалци е сериозен притисок Од македонското Министерство за внатрешни работи повикуваат на мобилизацијата на полниот капацитет на полицијата и на другите институции.
“Мигрантите се транспортираат со возови, автобуси и такси. Ова ќе се случува и во наредните денови”, поради што потребна е регионална координација.. Спротивно на очекувањата на Високиот комесаријат за бегалци на ОН дека зимата ќеја намали миграцијата и бегалскиот притисок, тој не само што не запира, туку напротив се зголемува и транзитините земји ќе треба да се подготвуваат за прием во зимски услови
Од македонското МВР потврдуваат дека драстично е зголемен бројот на мигранти кои пристигнуваат на граничниот премин Гевгелија. Очекуваат ваквиот притисок да продолжи и за само два дена да пристигнат дваесетина илјади бегалци. Нивниот транспорт кон север се врши со возови, автобуси и такси возила, со цел да се подготви теренот за новиот бран мигранти.
– Ние ја следиме ситуацијата, ги следиме сите сознанија и информации кои доаѓаат до нас и во координација со другите надлежни институции правиме планови и преземаме мерки на терен за да се справиме со оваа појава. Во текот на ноќта и во текот на денешниот ден не се регистрирани никакви инциденти на јужната граница, вели помошникот министер во МВР, Иво Котевски.

Годинава на грчките брегови до сега имаат пристигнато околу 400.000 бегалци од војната, а најголем дел од нив во својот пат кон западноевропските земји минаа низ територијата на Македонија.