Мигрант дожиеал струен удар на железничка станица во Драчево

од Stefanija Kuzmanovska
317 прегледи

На 16.08.2023 во 10:20 часот во Полициската станица Драчево, вработен во Железничка станица Драчево пријавил дека на покрив на еден вагон, машко лице мигрант се здобило со повреди при струен удар.

Лицето било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини