Мигранти од Сирија пронајдени во липковско село, некои со повреди на телата

од Radmila Tasevska
231 прегледи

Петнаесет мигранти од Сирија биле пронајдени во липковско село, некои со повреди на телата, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, вчера било пријавено дека околу 10 часот во село Лојане, липковско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, пронашле 15 лица – мигранти од Сирија, од кои дел имале повреди на телата, се појаснува во соопштението на МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини