Мигранти повторно го блокираа движењето под Ла Манш

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Мигранти повторно го блокираа движењето на возови под Ла Манш меѓу Франција и Велика Британија.20150901.fxlwxteyxs

Тие биле забележани од француската страна на тунелот – меѓу неговиот влез и станицата на градот Кале. Откажани се пет воза, од кои четири  требало да тргнат  од Франција. Патниците кои  патувале со воз до Лондон раскажуваат дека композицијата била запрена  на километар и половина од влезот на тунелот.

Имало и  хеликоптер, и полиција која пребарувала  мигранти. Струјата било исклучено и патниците останале на темно речиси четири часа. Во вагоните станало топло и задушени.

Подоцна три од возовите продолжиле за Лондон, а другите два биле вратени назад.

Во моментов во Кале има околу 1.500 мигранти кои бараат начин да се префрлат на британска територија.