Мигрантите на колена пред ЕУ: Помогнете, смрзнавме (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
260 прегледи

Група мигранти, кои веќе една недела спијат во шатори на границата меѓу Белорусија и Полска, денеска испратија уште еден повик до лидерите на Европската унија.

Мигрантите заглавени во пограничната област уште еднаш ја повикаа Европската унија да им помогне. Тие се во шума повеќе од една недела на температури под минус. Живеат во шатори, смрзнуваат, а пријавени се и смртни случаи.

Повеќето од нив не се во добра здравствена состојба, а активистите кои им помагаат немаат доволно луѓе и ресурси да се грижат за се. Добар дел од мигрантите денеска на колена му испратија порака на светот барајќи помош.

Нивните молитви конечно вродија со плод, а ЕУ ќе испрати финансиска помош за заглавените на границата. Како што беше најавено денеска, околу 700.000 евра ќе бидат инвестирани во храна, облека, ќебиња и други потреби.