Австрискиот канцелар Вернер Фејман тврди дека балканскиот миграциски пат кој води кон Северна Европа, треба да биде затворен, пренесе ДПА.
Позицијата покажува дека на самитот ЕУ-Турција во Брисел ќе се разгори битка за ова прашање, забележуваат агенциите.
Можам сосема јасно да ви кажам дека “ние ќе ги затвориме сите правци, вклучувајќи и балканскиот”, рече Фајман пред новинарите во белгиската престолнина. Европската унија не треба да се потпира на Турција, за да ја надмине кризата со мигрантите, туку да обезбеди самостојно заштита на надворешните граници, рече Фајман, цитиран од агенциите. Тој вели дека ЕУ не треба да се жртвува политичките принципи и да го промени својот став по прашањето за олеснување на визниот режим и влезот на Турција во Унијата.
Хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ чија земја исто така се наоѓа на т. Н. Балкански пат даде да се разбере дека и тој ќе инсистира пораката од самитот на ЕУ да е “дека балканскиот правец” ќе биде затворен.
Вишеградската четворка (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија) ја поздравија решеноста на ЕУ да го затвори балканскиот правец за бегалците од Блискиот Исток и Северна Африка, пренесе ТАСС.
Позицијата на регионалната група беше изразена денес пред новинарите од чешкиот премиер Бохуслав Соботка, кој сега е нејзин претседател.
Многу се радувам дека во проектот за завршниот документ на средбата е напишано дека балканскиот пат за илегалната миграција се затвора. Соботка потсети дека Вишеградската четворка одамна ги предупредувала партнерите од ЕУ дека треба што е можно побрзо да се затворат за илегалните бегалци транзитните правци низ Балканот. Анкара треба да ги исполнува обврските за запирање на приливот на мигранти во ЕУ и да ги прифаќа на своја територија сите вратени економски мигранти кои немаат право на азил во Унијата, додаде чешкиот премиер.
Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу планира на денешниот Самит на ЕУ, да побара повеќе пари за помош, со кои Анкара би се изборила со приливот на бегалци, како и гаранција дека ќе продолжат преговорите за членство на Турција во ЕУ, тврди европското издание на американскиот сајт „Политико“.
Се тврди дека овие две барања се меѓу дополнителните отстапки од Брисел кои Давутоглу во текот на самитот би можел да ги изнесе во замена за намалување на бегалскиот бран кој оди кон Европа.
Но, од друга страна германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, стојат на страната на Грција и Алексис Ципрас, а тоа е да продолжи „преносот“ на мигранти и бегалци на оваа рута каде главна земја е Република Македонија.
– Сакаме да го намалиме бројот на нелегални мигранти во сите земји, вклучително и во Грција, а не само во некои. Затоа, мораме да најдеме одржливо решение за заштита на надворешните граници и да обезбедиме функционирање на правилата на Шенген. Се треба да се подобри, но не со еднострани мерки – истакна Меркел.
Според германската канцеларка, единствено решение за бегалската криза е можно да се постигне преку соработка со Турција. Во тој поглед, претседателот на Француската Република, Франсоа Оланд, пред почетоко на денешнио Самит ЕУ-Турција, посочи дека со Турција треба да се има „директен, искрен и ефикасен однос“.
– Мораме да бидеме крајно внимателни во однос на мерките што се превземаат – посочи Оланд.