Мигрена со аура: Што сè треба да знаете?

од desk4

Луѓето кои страдаат од мигрена грубо може да ги поделат болките на два вида – нагли мигренозни напади и мигрена со аура.

Во првиот случај мигрената се појавува, како што и самиот назив кажува, нагло и без предупредување и болката е силна и интензивна уште од првиот миг. Кај мигрената со аура симптомите може да бидат присутни со часови пред да се случи нападот.

Кај оние кај кои аурата се појавува како брановидни линии или како светлински трепкач, проследено со заматен вид или слепи точки, може да се случи да се појави и тахикардија или друга форма на неправилно отчукување на срцето. Во едни случаи може да чука забрзано, а постојат и такви кога се намалува пулсот и срцето работи многу бавно. Според медицината, во овие ситуации се зголемува и ризикот од мозочен удар.

Во најголем дел од случаите, аурата се појавува кратко пред да настане мигрената. Доколку тоа е случај и кај вас, за жал, припаѓате на оние лица со хронична мигрена, кои имаат зголемен ризик за кардиоваскуларни заболувања.

Затоа и морате да ја третирате мигрената со лекови наменети за тоа, најдобро препишани од специјалист. Навистина нема потреба да се изложувате на долготрајна болка, знаејќи дека со тоа ви е загрозено и општото здравје.

Кај оние кај кои болката доаѓа нагло, како силен удар со чекан, ризикот е значително помал.

Слични содржини