Во саботата на шпанскиот остров Мајорка се одржа раскошна свадбена церемонија на Џина Шумахер и нејзиниот долгогодишен партнер Џаин Беке.
Како што пренесуваат медиумите, двојката го кажала судбоносното „да“ во семејната вила на Шумахер, чија вредност се проценува на 30 милиони евра.
Вилата, која се наоѓа на прекрасен остров, некогаш била во сопственост на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, пред да ја купи семејството Шумахер.
Како што објави „Дејли Мејл“, овој гламурозен настан бил под строги мерки за приватност – гостите морале да ги остават своите мобилни телефони надвор од имотот. Целта на овие мерки беше да се зачува интимноста на свадбата и да се зачува приватноста на семејството.
Сепак, најголемо внимание привлекоа гласините кои се појавија во германскиот медиум „Блид“, кои тврдат дека на венчавката присуствувал и самиот Михаел Шумахер. Неговото евентуално присуство на јавни настани привлекува големо внимание, бидејќи тој не се појавува во јавноста поради неговата здравствена состојба по тешката несреќа на скијање во 2013 година.
Иако информациите за неговото присуство не се потврдени, самиот настан предизвика голем интерес како во Германија, така и во светот.
– Дали Шуми навистина беше присутен на свадбата во саботата? Можно е. Дури и многу можно. Меѓутоа, тој не бил во градината, каде што имало други гости, од кои некои, без сомнение, не припаѓаат на најтесниот семеен круг – пренесува „Билд“.