Чест ми е што пред вас, моите другари и другарки од Младина можам да ја презентирам кандидатурата за претседател на СДММ. За претседател на најнапредната, најпрогресивната младина во земјава. Да зборувам за мојата визија за тоа каде треба да се движи нашето големо семејство, нашата земја. Ова за мене е нов почеток, но за СДММ ќе биде ново продолжение, силен буст напред, по вистинскиот пат по кој чекориме. Затоа што младите можат! Ние можеме!, изјави Марко Михаилоски од СДСМ кој денеска беше избран за претседател на СДММ.
„СДММ покажала и досега дека може да допринесе за подобра иднина на младите тука, во нивната земја. Ќе продолжиме уште повеќе и уште подобро! Тоа е аманет кој ќе го исполниме.Пред да зборувам за мојата визија и иднината, дозволете кратко за моето минато, мојот социјалдемократски пат досега. Мојот пат во СДММ започна пред 11 години, во 2009-та година, како член на Надзорен одбор а потоа и како член на Извршниот одбор на мојот матичен Локален клуб во Тетово. Серија предизвици од тогаш до денеска“, вели Михаилоски.
Тој додаде дека во 2011 година бил заменик шеф на МИПШ за парламентарните избори а во 2014, се кандидирал за претседател на ЛК СДММ Тетово.
И секако продолжувајќи ја борбата со тогашниот режим на секој начин што сметав дека можам да придонесам…
2015 година се појавив на сите вести, сите социјални и пишани медиуми со мојата критика за погрешните политики на Никола Груевски и режимот. Се што правеа беше против младите и затоа ние, младите бевме силни гласници против тие политики на режимот.Во 2018 година бев избран за член на ИО на СДММ, и сум дел од раководството до денес, на што сум особено горд.Во 2019-та година, новата промена во партијата и изборот Љупчо Николовски за генерален секретар на СДСМ придонесе да сум денес тука пред вас, мотивиран, сигурен, решителен.
Работејќи чесно, искрено, со многу љубов и многу работа, патот беше се појасен и појасен, трудот се гледаше и се вреднуваше.
Бев избран за секретар на Централниот изборен штаб за Парламентарните избори, каде заедно со СДММ се вградивме во победата на СДСМ, од позиција на власт за прв пат после далечната 1994 година. Иднината на државата е обезбедена, веќе сме членка на НАТО, на ред е членството во ЕУ кое нуди многу придобивки, отвора низа можности за сите граѓани но најмногу за младите, за нивната иднина, образование, дружење и работа.
Како кандидат за претседател на Социјалдемократската младина на Македонија стојам пред вас и ја барам поддршката, заедно да работиме за сите млади, да ги шириме социјалдемократските вредности и да допринесеме за младите тука, во нашата татковина. Другарки и другари, не чека работа во специфични околности, во време на светска пандемија, во предизвици за економијата, но и во време на многу можности токму за младите.
Младинскиот активизам, вклучувањето на младите во општествените процеси е клучно за напредок. СДСМ е партија која ова го практикува во изминатите 3 години откако ја презедовме одговорноста дадена од граѓаните. Лично ќе се посветам младинскиот активизам да се зголеми, а со тоа и вклученоста на младите. Гласот на младите е глас на иднината!“, изјави Михаилоски.