Младинските политики на СДСМ овозможија младите за првпат да имаат официјално лице во општините кон кое може да се обратат за секое прашање од нивен интерес, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски на маалската средба со граѓаните на Ѓорче Петров.
Според него, со работното лето на СДСМ се слуша гласот на граѓаните и заеднички транспарентно се креира новата програмска и кадровска понуда за претстојните локални избори, на кои СДСМ е убедлив фаворит.
-Тоа е новитетот на СДСМ, тоа е модерна партија која цело време се менува, модернизира и ги вклучува младите и затоа победува, додаде Михаилоски.