Михаилоски: За да се намалат сметките за струја се отпочна циклусот на инвестиции – „Елдорадо“ на фотоволтаици

од Nikola Popovski
263 прегледи

„Акција сега е одговорот на младите за иницијативите од дебата да преминат во реализација. Вистинска трансформација во енергетиката стартува со желба за промена, а процесите добиваат на динамика со акција и иновација” посочи Марко Михаилоски, претседателот на Социјалдемократската младина, на третиот Социо-еколошки форум кој се одржува во Скопје.

Михаилоски истакна дека системските предизвици во енергетскиот сектор бараат решенија кои ќе се водат од целите во енергетската стратегија. Но, она што го покажа енергетската криза е дека повеќе од неопходни се одлуките кои мораат да се носат – одма и сега, за што е задолжително да се интегрираат и младите кои имаат иновативен пристап и храброст, но и знаење.

„Социјалдемократски принципи креираа одговори во време на енергетска криза. Ние сме познати по тоа дека носиме одлуки секој пат кога сите се благодарни затоа што немаат проблем да бидат алиби играчи во време на пандемијата, енергетска криза, но и да не ги заборавиме Русија – Украинската војна, сега и Палестина – Израел. Сите овие егзистенционални жаришта, рефлектираат ефекти кон животот на секој еден од нас и бараат одлуки кои ќе го сменат текот на играта дома. Во конкретниот случај зборуваме за забрзана енергетска транзиција од локално до централно ниво. За да се намалат сметките за електрична енергија се отпочна циклусот на инвестиции во секторот попознат како Елдорадо на фотоволтаици. Ја имаме првата општина – Центар која спроведува мерки за да стане целосно енергетски независна. Во големата слика за 22 месеци инсталирани се 525MW, што ако се прави споредба од година во година имаме раст од 140%, што пак споредбено со состојбата пред 5, 6 и 7 години кога годишно имавме енергетски капацитети од обновливи извори со инсталирана можност од по 6 MW. Се ова отвора простор за интеграција, иновација на идеите на младите за процесите да се унапредат и да се постигне крајната цел. Секоја клучна промена во историјата започнала со еден чекор. Колективниот чекор, обединетата акција е она што ги придвижува општествата кон клучни промени”, изјави Михаилоски.

Слични содржини