Михајловиќ и Ибрахимовиќ ќе пеат во дует на фестивалот во Сан Ремо

од Stefanija Kuzmanovska
338 прегледи

Прославениот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ Миха (52) и sвездата на фудбалскиот клуб Милан Златан Ибрахимовиќ најавија дека во четврток ќе настапат заедно на фестивалот во Сан Ремо и во дует ќе ја пеат песната „Вагабундо“, која беше хит на тој фестивал во 1970 година.

Откриено е и дека Ибрахимовиќ ќе се појави во скеч со водителот на фестивалот Амадеус и познатиот комичар Росарио Фиорел, кои се навивачи на ривалскиот милански фудбалски тим Интер, објави „Ројтерс“.

Ибрахимовиќ најави дека неговото појавување во Сан Ремо не значи дека ќе отсуствува на претстојните натпревари кои Милан ќе ги игра против Удинезе во среда и Верона во недела.

Слични содржини