Михајловиќ и Златан запеаја и воодушевија на Сан Ремо: Нашето пријателство започна со удар со глава (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
404 прегледи

Тренерот на Болоња и Синиша Михајловиќ (52) и фудбалерот на Милан Златан Ибрахимовиќ (40) синоќа настапија заедно на Санремо и ја отпеале песната „Вагабундо“, хит на фестивалот во 1970 година.

Пред изведбата биле откриени детали, кои до сега не биле целосно познати во јавноста.

„Нашето пријателство започна со удар со глава“, се насмевнал Михајловиќ, потсетувајќи на конфликтот меѓу нив двајца на мечот помеѓу Јувентус и Интер, кога Швеѓанецот бил исклучен.

„Работата со Златан е дека не можете да му се заканувате, мора да го испровоцирате, па така ќе го извадите од такт. Тој беше толку лут што ме удри со глава и доби исклучување. Кога дојде во Интер, сакав да ја возвратам услугата. Така покажуваме наклонетост“, рекол Михајловиќ.

Одличниот српски стратег го задевал Ибрахимовиќ поради фактот што го нема најважниот трофеј во клупскиот фудбал.

„Тој е љубоморен што ја нема Лигата на шампионите. Играше, а јас победив“, вели Михајловиќ, по што веднаш следел коментар од шведскиот напаѓач: „Има уште време“.

Ибрахимовиќ се појавил кратко на отворањето на фестивалот во вторникот вечерта. Тој излегол на сцената на Сан Ремо со песната „Јутро је“ од Нада Топчагиќ.

Според договорот, Златан најверојатно ќе добие по 50.000 евра за секоја вечер на Сан Ремо и решил сите собрани средства да ги донира во хуманитарни цели.

Слични содржини