Михајловски ќе бара 1 милион денари оштета за прислушувањето

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Новинари, политичари и други кои биле прислушувани во периодот од 2008 до 2014 година денеска сведочеа за тоа која функција ја имале во општеатвото во тој период и како дознале дека се прислушувано, на судењето за незаконското следење на комуникациите “Таргет-Тврдина”. Се изјаснија дека се оштетени, а најавија и оштетено побарување.

Сведокот оштетен Горан Михајловски, рече дека во тој период работел како главен уредник на весникот Вест.

– Моите сомнежи се потврдија 2013 година, бидејќи се случувало за нешто што разговарам по телефон со извори за вест да добијам повик од менаџмент на весникот тоа да не се објави. Инаку добив информации дека мојот телефон е прислушкуван на прес на СДСМ во 2015 година, изјави Михајловски.

Рече дека се чувствува оштетен, бидејќи самото прислупување буди чувство на несигурност и за себе и за неговите извори како новинар.

Тој најави отштета од еден милион денари.