Мијалков е во изолација, Камчев дојде на судењето за „Плацеви на Водно“

од Берта Китинска
331 прегледи

Екс-директорот на УБК Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19 и поради оваа причина денеска не присуствуваше на рочиште за предметот „Плацеви на Водно“ .

Судиите соопштија дека тој е во изолација од 10-ти јануари со мерка изречена од ДЗСИ, која може да се продолжи доколку тој има симптоми на вирусот.

Обвинетиот Мијалков по вторпат е заразен со ковид.Кога по него беше распишана потерница за бегство, при појавувањето во обвинителството информираше дека бил во изолација бидејќи имал симптоми.

На првото рочиште за предметот „Плацеви на Водно“ само Орце Камчев се појави во судницата.

Мијалков пред Нова година беше пуштен на слобода, односно му беше укинат притворот со гаранција од 11 милиони евра, а со слична сума пред Божиќ беше пуштен и бизнисменот Орце Камчев.

Наредното судење е закажано за 24 јануари.

Слични содржини