Мијалков: „Нема зошто да му се извинувам на Бошкоски“

од desk2
64 прегледи

Поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков негира дека денеска во судница му се извинил на Љубе Бошкоски.

Поздравувањето било од бон – тон, а причина Мијалков да му се извини на Брат Љубе не постоела бидејќи тој бил осуден за криминалот кој го сторил.

Инаку Љубе Бошкоски преку писмо од затвор во 2011 година му се извини на Мијалков за обвинувања кои лидерот на Обединети за Македонија ги искажуваше на митинзите на неговата партија.