Мијалков: Се помалку граѓани и добар дел од блиските до Мицкоски не веруваат во неговата лажна слика

од Берта Китинска
302 прегледи

„Се плашам дека повторно Христијан Мицкоски и највисокото раководство околу себе става стаклено ѕвоно и ја игнорира реалноста.Човек треба да има храброст и да ја погледне вистината во очи. Вистината е дека се пропушти златна шанса Заев да биде соборен на избори со овакво владеење во изминатите три години, вели во во интервју за Плусинфо поранешниот директор на Управата за безбедност“, Сашо Мијалков.

„Проблемот е што сега се помалку граѓаните им веруваат. Добар дел и од блиските на Мицкоски  не веруваат во оваа лажна слика, но се плашат да кажат дека со политиките кои ги водеа и со неискрениот пристап, не успеаја да обезбедат поддршка од граѓанитеЗа жал јавноста не виде алтернатива во сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Како и може да види кога по ниту едно важно прашање раководството немаше заземено став?Доколку имало поткуп, зошто тогаш МВР не го спречи? ВМРО-ДПМНЕ имаше технички министер цели седум месеци. Доколку тој не бил способен и неговиот тим, кој ги предложи и поддржа? Доколку СДСМ успеал да пенетрира кај социјално ранливите категории, тогаш чија била проценката ВМРО-ДПМНЕ да оди без технички министер за труд и социјала и да не се обиде да го спречи тоа?

Грешки има многу, но префрлањето на одговорноста нема да ја подобри реалноста. Дали биле лоши кандидатските листи или била лоша понудената програма или Републичкиот изборен штаб целосно потфрлил, повторно одговорноста оди кон едно место. Не може претседателот на РИШ да не свикува состаноци и луѓето кои треба да работат на терен да остануваат без инструкции. Не може кампањата да се води со реторика како во 90-тите години и спотови кои повеќе служеа за потсмев отколку што ги мотивираа граѓаните. Некој ја одобрил таа реторика и тие спотови, а видовме со колкава излезност резултираа’, вели Мијалков.

Слични содржини