Мијалков во декември излегува од затворот во Струга

од Nikola Popovski
413 прегледи

Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга за условен отпуст на осудениот Сашо Мијалков, по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на Директорот на казнено поправната установа.

-Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година, информираат од кривичниот суд.

Мијалков е осуден на три години затвор откако призна вина во предметот „Империја“ за перење пари. Апелација претходно укина три пресуди против Мијалков за случаите „Трезор”, „Таргет- Тврдина“ за прислушувањето и „Титаник 2“ за изборни нерегуларности. Со измените на Кривичниот законик, тој и дефинитивно се спаси од казна затвор за „Таргет- Тврдина“ и „Титаник 2“, а „Трезор“, застарува годинава.

Истрагата „Империја“ беше отворена во 2018 за кривичните дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков беа првоосомничени, а осомничени се уште 11 други лица, меѓу кои и газдата на „Пелистерка“, Цветан Панделески.

Слични содржини