Мијатовиќ: Зидан направи се погрешно

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, смета дека Зинедин Зидан е виновен за елиминацијата на Кралскиот клуб во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Челси го победи Мадрид (2:0) на реваншот на „Стемфорд Бриџ“ и со вкупен резултат од 3:1 обезбеди борба за трофејот и дуел со Манчестер Сити на 29 мај во Истанбул.

„Челзи беше супериорен во секој поглед. Интензитет, ритам, создавање шанси … Го сакаме Зидан, тој направи многу, но на реваншот во Лондон стори се погрешно “, рече Мијатовиќ за beIN Sport и продолжи: „Ова ќе му нанесе голема штета на Зидан. Така беше и минатата година, но освојувањето на шпанското првенство покри некои работи. Видовте дека играчите на Реал не сакаат да ја менуваат сликата на теренот. Виничиус играше на позиција што не му одговараше. Реал практично не стори ништо. Ќе видиме што ќе се случи во шампионатот. Имам чувство дека Реал нуди малку за да ве натера да мислите дека сезоната ќе заврши добро“.

На четири кола пред крајот на Ла Лига, Кралскиот клуб го дели второто место на табелата со Барселона со два бода помалку од Атлетико Мадрид.

Слични содржини