Мијатовиќ: Чуамени, Валверде и Камавинга не одговараат на овој стил на игра на Реал

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Реал Мадрид доживеа неочекуван пораз од Лил во второто коло од Лигата на шампионите, а многу работи не вродија со плод во натпреварот на „галактикос“. Свој суд, доста критички, даде и Предраг Мијатовиќ.

Поранешниот играч на Реал Мадрид појасни зошто Винисиус имал лоша партија, а причината не е само тој.

„Овој среден ред не ме убеди. И тоа беше проблемот вечерва, без креативност и преголема физичка сила. Зборувавме за лошиот настап на Винисиус, но неговиот стил на игра зависи многу од топките што ги добива и немаше силен среден ред за да му донесе добри шанси. Му недостигаа Модриќ, Крос, сличен играч… И мислам дека Чуамени, Камавинга и Валверде се премногу мускулести, пресилни и дека не одговараат на овој стил на игра на Реал Мадрид“.

Килијан Мбапе се уште не е подготвен целосно да одговори на задачите во текот на сите 90 минути поради неодамнешната повреда, па Ендрик доби шанса од првата минута.

„Почетокот на Ендрик беше нешто што се очекуваше, бидејќи Мбапе имаше проблеми и требаше да видиме дали ова дете може да ја заврши работата. Мислам дека се уште не е подготвен да игра како стартер“, истакна Мијатовиќ.

Слични содржини