Фронтменот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер (79) наводно ја запросил својата долгогодишна девојка, балерината Мелани Хемрик (36).
Според пријателите блиски на двојката, Мик и Мелани се верени, но се уште нема големи планови за свадба.
Мелани предизвика шпекулации за веридба минатиот месец кога беше забележана како носи нешто што личеше на веренички прстен на раката.
Мик и Мелани, поранешна балерина, се запознаа во 2014 година и заедно го имаат шестгодишниот син Девероу.
Како што пренесува „Мирор“, Мелани при посетата на Њујорк признала дека се вериле. Во американскиот балетски театар, таа им кажала на своите пријатели дека е верена со Мик. Мелани го нарекла прстенот „прстен на ветување“.
Доколку овие шпекулации се точни, ова би била трета веридба за познатиот пејач. Џегер беше во брак со Бјанка Перез Мора Азијас од 1971 до 1978 година.
После тоа, тој ја запроси манекенката Џери Хол, со која беше од 1977 до 1999 година.
Од друга страна, порталот „The Independent“ пишува дека овие шпекулации не се точни и дека парот кој е заедно 10 години се уште не се верил.