Мик Џегер го прослави 82. роденден во друштво на поголемиот дел од своите деца и поранешни партнерки, на прослава организирана од неговата сегашна свршеница Мелани Хамрик (38).
Прославата се одржа минатиот петок во просторот Rex Rooms во лондонскиот Нотинг Хил, а меѓу гостите беа Џери Хол и Лусијана Моранд, пренесува Daily Mail.
Џери Хол, со која беше во врска 22 години, пристигна на прославата со нивните три деца – Лизи (41), Џорџија (33) и Габриел (27). Лусијана Моранд, бразилската манекенка со која Џегер во 1998 година го доби синот Лукас (26), исто така беше присутна, иако токму таа афера беше причината за конечниот прекин со Хол. Денес сите се во коректни односи.

Инстаграм
Планови за проширување на семејството во зрели години
Најинтересниот детаљ поврзан со прославата е тоа што Џегер и Хамрик размислуваат за можноста да добијат уште едно дете, и покрај неговите години. Извори блиски до парот тврдат дека разговарале за тоа и заклучиле дека би биле подготвени повторно да го прошират семејството, ако околностите им го дозволат тоа.
Џегер и Хамрик се во врска веќе 11 години, а во последните три се свршени. Заедно го имаат осумгодишниот син Деверо. Според близок извор, парот е „неизмерно среќен“ и води стабилен семеен живот, иако не се очекува да стапат во брак, бидејќи Џегер со години ја одбива идејата за свадба.
Живот во Франција
Мелани Хамрик живее со Џегер во Франција. Престојуваат во стан во Париз и во замокот La Fourchette во долината на Лоара. Таа секојдневно се грижи за нивниот осумгодишен син и го научила францускиот јазик, кој го зборуваат и Џегер и детето.
По завршувањето на нејзината балетска кариера во 2019 година, се посветила на пишување книжевни дела, инспирирани од балетот.
Според пријатели, Мелани изградилa добри односи со сите поранешни партнерки и деца на Џегер, што создало мирна и функционална семејна атмосфера .