169
Фудбалерот на кинески Тјанжин, Џон Оби Микел е сигурен дека неговиот поранешен тим Челзи ќе ја елиминира Барселона, иако ремито 1:1 на стадионот „Стемфорд бриџ“ оваа недела во првиот 1/8-финален натпревар од Лигата на шампионите.
„Играв за Челзи во текот на 11 години и целиот живот ќе се сеќавам на нашиот пресврт на „Ноу Камп“ во 2012 година“, започна Оби Микел пред „Tianjin Today Evening News“.
„Очигледно е дека ќе го поддржувам Челзи, како и секогаш досега. Се надевам дека тие ќе се рангираат напред. Верувам дека Челзи ќе ја елиминира Барселона на нивен терен, исто како што тоа го сторивме пред шест години“, убеден е Африканецот.