Миктаријан го поштеди Мурињо: Не сакам да обвинувам никој во Јунајтед

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Новото засилување на Арсенал, Хенрик Миктаријан призна дека не сака да обвинува никого за својата ситуација во Манчестер Јунајтед.

Како што е познато, Ерменецот беше во конфликт со Мурињо и на крајот дојде до негов трансфер во составот на тимот од Лондон.

„Јунајтед? Не сакам да барам изговори, ниту сакам да обвинувам кој и да било. Почнувам ново поглавје во мојот живот, во мојата фудбалска кариера. И се радувам за тоа нешто“, прокоментира тој пред „Скај Спортс“.

„Сакам да постигнам повеќе со Арсенал отколку што постигнав со Манчестер Јунајтед. Не сакам да докажувам ништо на никого, туку едноставно да уживам во фудбалот и да дадам сѐ од себе за да ги постигнам своите цели“, заврши популарниот Мики.

Слични содржини