15
Феенорд е првиот тим што се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако го елиминираше италијанскиот гигант Милан во плеј-офот на турнирот.
Двата тима ремизираа 1-1 во реваншот на „Сан Сиро“, а домаќините останаа со 10 играчи на теренот во 52. минута кога Тео Ернандез беше исклучен со втор жолт картон.
Ремито денеска се покажа како доволно за гостите со оглед на победата на домашен терен од 1:0 во првиот натпревар.
Така, во осминафиналето холандскиот тим ќе игра со Интер или Арсенал, а ждрепката ќе биде објавена на 21 февруари.