394
Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе го пропушти натпреварот од првото коло во новата сезона во Лигата на шампионите против Ливерпул поради повреда на Ахиловата тетива.
Швеѓанецот, исто така, имаше проблеми со повредите викендов, но играше во последниот половина час од натпреварот против Лацио и постигна гол во 67. минута.
Ибрахимовиќ во својата кариера одигра 120 натпревари во Лигата на шампионите и постигна 48 голови.