Милан добива голман, Донарума заминува

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Голманот на францускиот шампион Лил, Мајк Мањан, најверојатно ќе брани за Милан од следната сезона.

Фотографиите од неговото пристигнување во Италија протекоа во јавноста. Мањан синоќа дојде да ги мине лекарските прегледи.

Се проценува дека Милан ќе плати 13 милиони евра плус уште два на име бонуси, а голманот ќе потпише петгодишен договор.

Што се однесува до сегашниот голман на италијанскиот тим, Џанлуиџи Донарума, неговиот договор истекува за нешто повеќе од еден месец, кога тој ќе стане слободен агент. Јувентус прв се избори за неговиот потпис.

Да потсетиме, Мањан неодамна ја освои титулата во францускиот шампионат пред второпласираниот ПСЖ, во чија младинска школа израсна.

Слични содржини