Милан го има најдобриот млад талент во фудбалот

од Vladimir Zorba

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума е најветува;ki млад талент во фудбалот во овој момент, се вели во истражувањето на Фудбалската опсерваторија на Меѓународниот центар за спортски науки (CIES).

Анализата е базирана на перформансите на фудбалерите во последните две години, при што најстариот е роден во 1998 година. Вреди да се одбележи дека 10 од првите 50 се оценети пет ѕвезди. Нема ниту еден играч од Централна и Источна Европа. Анализата на последните две години се базира на одиграните минути на секој талент и силата на шампионатот во кој тој се натпреварува.

По Донарума, на второ место е Албан Лафон, исто голман и е роден во 1999 година во Буркина Фасо. Високиот 193 сантиметри голман има 85 натпревари за Тулуз и е младински репрезентативец на Франција.

Следуваат Килијан Мбапе (ПСЖ и Франција), Кристијан Пулишиќ (Борусија Дортмунд и САД), Маланг Сар (Ница и Франција). Сите овие играчи имаат сериозна можност да ја поминат својата кариера во големите првенства во Европа, според истражувачкиот институт.

Слични содржини