Милан го објави привлекувањето на Алваро Мората

од Vladimir Zorba
52 прегледи

Седумкратниот европски шампион Милан го комплетираше трансферот на Алваро Мората од Атлетико Мадрид. Победникот на ЕП 2024 пристигнува на „Сан Сиро“ откако клубот му ја активираше откупната клаузула од 13 милиони евра.

Ова е враќање на 31-годишниот Мората во Серија А, каде што играше за Јувентус помеѓу 2014 и 2016 година, а потоа и помеѓу 2020 и 2022 година.

Повторно му се обратија за трансфер во „бјанконерите“, а имаше понуда и од Ал Кадиса, но тој претпочиташе да замине во Милано.

Шпанскиот напаѓач ќе го носи дресот со број 7, а неговиот договор е на четири сезони со опција за уште една.

Слични содржини