Милан го отпушти Фонсека

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Португалскиот стручњак Пауло Фонсека повеќе не е тренер на фудбалерите на италијански Милан, соопшти денеска седумкратниот европски шампион.

„Милан соопштува дека Пауло Фонсека е разрешен од должноста главен тренер на машкиот прв тим. Клубот му изразува благодарност на Пауло за неговиот голем професионализам и му посакува се најдобро во неговите идни напори“, стои во краткото клупско соопштение.

Фонсека (51) седна на клупата на Милан пред почетокот на сезоната, по две години одлична работа во француски Лил. Сметајќи ги сите натпреварувања, Фонсека во 24 натпревари оствари 12 победи, со шест нерешени и порази.

Под водство на Португалецот, Милан, меѓу другото, го победи Реал Мадрид со 3:1, но тимот оствари само една победа во Серија А во последните четири кола.

Слични содржини