Лука Модриќ е голема желба на Милан и на новиот спортски директор на клубот, Игли Таре, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Романо исто така нагласува дека Модриќ, по заминувањето од Реал Мадрид, добил бројни понуди од клубови од различни делови на светот, но дека не брза да одлучи за својот следен ангажман.
Легендарниот играч од средниот ред ќе го напушти Реал Мадрид по Светското клупско првенство кое се игра ова лето.
Најконкретен интерес во Европа покажа мадридски Рајо Ваљекано, што би му овозможило на Модриќ да остане во шпанската престолнина.
Претседателот на Рајо, Мартин Преса, јавно го потврди својот интерес за доведување на Модриќ, нагласувајќи: „Веќе привлековме големи фудбалски ѕвезди кои сакаат да останат во Мадрид претходно, како Радамел Фалкао.“
Сепак, тој додаде дека клубот не е во можност да ги понуди финансиските услови што Модриќ ги имаше во Реал.