Милан го задржа најголемиот талент со нов договор

од Vladimir Zorba
3,2K прегледи

Милан ќе потпише нов договор со еден од нивните најголеми таленти, Франческо Камарда, тврди Фабрицио Романо. 16-годишниот напаѓач ќе се посвети на „росонерите“ до летото 2027 година.

Двете страни постигнаа договор, останува само да се потпишат документите.

За Камарда имало интерес од клубови од странство, но тој ги одбил нивните понуди.

Франческо Камарда минатата сезона имаше два настапи за Милан во Серија „А“, станувајќи најмладиот кој некогаш дебитирал во италијанската прва лига.

Слични содржини