Милан и Леверкузен се распрашуваат за Арда Ѓулер

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Младиот талент на Реал Мадрид, Арда Ѓулер има се повеќе обожаватели. 19-годишниот фудбалер се претстави исклучително добро со селекцијата на Турција за време на Евро 2024 година и тоа го привлече вниманието на европските гиганти, кои веќе се борат за неговиот потпис. Првите двајца од нив се Милан и Баер (Леверкузен), открива „Спорт“.

И покрај очигледниот талент, Ѓулер во новата сезона тешко дека ќе може да смета на многу минути на теренот во Реал Мадрид, особено по доаѓањето на Килијан Мбапе и Ендрик. Затоа, нема да биде изненадување доколку „белиот балет“ се согласи да го пушти да игра во друга екипа една сезона, каде може да стекне поголемо искуство.

Милан и Баер будно ја следат ситуацијата и се подготвени да дадат понуди за овој играч. Двата клуба сакаат да се засилат во нападот за претстојната сезона и се надеваат дека ќе успеат да го земат Турчинот во своите редови.

Ѓулер минатото лето беше доведен на „Сантијаго Бернабеу“ од Фенербахче за 20 милиони евра, но неговата цена сега е двојно зголемена. Во својата прва сезона за Реал Мадрид одигра 12 натпревари на кои постигна 6 гола.

Слични содржини