Милан и Манчестер се загреваа со познатата песна на Нада Топчагиќ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
313 прегледи

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Милан го одиграа реванш осминафиналето од Лигата на Европа на стадионот „Сан Сиро“, а на загревањето пред натпреварот одекна позната турбо-фолк песна.

Уште откако Златан Ибрахимовиќ го прослави својот 500-ти гол во кариерата со Нада Топчагиќ, а потоа преку видеото на кое се гледа како танцува во автомобилот со песната „Јутро је“, тој го привлече вниманието на балканската јавност.

Додека фудбалерите на Јунајтед се загреваа за натпреварот, од звучниците се слушаше текстот „kad te nema, bolje da se nisam ni probudila, nema mesta na jastuku koje nisam ljubila“.

Имаше неколку играчи кои можеа да уживаат и да ги разберат овие зборови на Сан Сиро, а меѓу нив беа и Немања Матиќ, Раде Круниќ, Анте Ребиќ (не играше поради повреда), Марио Манџукиќ (повреда) и Златан Ибрахимовиќ.

Слични содржини