Милан ќе му понуди договор на Донарума до 2023 година со зголемување на платата

од Aleksandar Petrovski

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума може да го продолжи договорот со клубот.

Според новинарот и добар познавач на италијанскиот фудбал, Николо Скира, миланскиот клуб е подготвен да му понуди на 21-годишниот голман договор до 2023 година со зголемување на платата.

Агентот на играчот, Мино Рајола, сака да вклучи клаузула за обесштетување во договорот.

Оваа сезона Донарумама има 27 натпревари на сите турнири на кои има примено 33 гола.

Слични содржини