Милан му постави ултиматум на Пиоли

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Милан тргна во победничка серија во италијанската лига и се искачи на второто место во Серија А, но само тоа нема да биде доволно Стефано Пиоли да остане на чело на тимот и следната сезона.

Последните информации од Италија велат дека „росонерите“ се уште сериозно размислуваат за промена на тренерот, а пресудни се двата претстојни натпревари на Милан, реваншот со Рома во четврт-финалето на Лигата на Европа, по што ќе следи големото градско дерби со Интер во Серија А.

Милан има негатива од 0-1 откако го загуби првиот меч на домашен терен од Рома, а трката за скудетото со Интер веќе е загубена поради огромната предност на „нероаѕурите“. Сепак, челниците на клубот сметаат дека Пиоли токму во такви моменти мора да покаже дека може да го извлече максимумот од тимот кој мора да ги надмине сопствените можности.

Италијанските медиуми овој ултиматум го образложија како дополнителен доказ дека „росонерите“ немаат голема верба во овој стратег, иако Пиоли со ограничен состав им ја донесе шампионската титула пред две сезони.

Според голем дел од медиумите, на „Сан Сиро“ ова лето е подготвена тренерска смена, а единствената дилема е дали Пиоли ќе биде заменет со Антонио Конте или поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, со кого шефовите на Милан веќе одржале состанок и кој е оценет како „исклучително позитивен“.

Слични содржини