Милан на лето ќе направи обид да го ангажира капитенот на Наполи

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Милан покажува сериозен интерес за десниот бек на Наполи, Џовани Ди Лоренцо и ќе се обиде да го ангажира играчот во претстојното лето, пренесуваат медиумите во Италија. 30-годишниот дефанзивец минатата година имаше клучна улога во титулата на „небесносините“, но од почетокот на оваа кампања е критикуван за неговиот настап.

Ова го натера менаџерот на играчот, Марио Џуфреди неодамна да изјави дека „луѓето имаат кратко сеќавање“ и дека „ќе направиме сметка во јуни“, навестувајќи го можното летно заминување.

Печатот во земјава се фокусираше и на евентуална замена на Стефано Пиоли со Антонио Конте по крајот на сезоната, што би ја направило евентуалната зделка уште поверојатна.

Ди Лоренцо има договор со Наполи до летото 2028 година, добивајќи три милиони евра годишно.

Слични содржини