Ал-Наср на Кристијано Роналдо беше подготвен да постигне договор со Милан за Рафаел Леао, но Италијанците одбија да го продадат.
Клубот од Саудиска Арабија има буџет од 70 до 90 милиони евра за левото крило, но не упатил ниту конкретна понуда до Милан за Рафаел Леао, бидејќи оттаму биле категорични дека не сакаат да преговараат.
Вчера шпанските медиуми открија дека Ал-Наср е подготвен да ја плати откупната клаузула од 55 милиони евра за играчот на Виљареал, Алекс Баена, кој исто така е лево крило, открива новинарот Лука Бендони.
Покрај тоа, арапскиот клуб се согласил да го земе централниот напаѓач Џон Дуран од Астон Вила.
Пазарот во Саудиска Арабија се затвора денеска, додека за поголемиот дел од Европа се затвора во понеделник. Што се однесува до пласманот во Серија А, Милан е на седмото место со 34 бодови и има учинок од девет победи, седум нерешени и пет порази.