230
Милан одбил „бомбастична“ понуда од Челси вредна 100 милиони евра за нивниот напаѓач Рафаел Леао, тврди денеска новинарот Ману Саинц од „Ас“.
Италијанскиот шампион не сака да се раздели со фудбалерот и поради оваа причина сега единствена шанса за Англичаните е да ја активираат неговата откупна клаузула која е во висина од 150 милиони.
Леао имаше голем придонес за титулата во Калчото, поради што беше прогласен за играч на сезоната. Веднаш по триумфот на Милан се појави информација дека португалскиот репрезентативец го следи и Реал Мадрид.
Напаѓачот веќе има 4 натпревари за „росонерите“ во новата сезона, на кои погоди еднаш и направи една асистенција.