272
Раководството на Милан тргна во офанзива за напаѓачот на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко. Според италијанското издание „Газета дело спорт“, „росонерите“ веќе ја упатиле првата понуда до своите колеги во Германија.
Милан понуди сума од 50 милиони евра за правата на словенечкиот репрезентативец.
Италијанскиот гигант активно бара нов централен напаѓач, бидејќи искусниот Оливие Жиру на крајот од сезоната ќе замине во САД.
Интерес за Шешко има и од англиски Арсенал, но според блиските до фудбалерот, понудата на Милан е далеку поинтересна за Словенецот.