32
Новиот тренер Гиљермо Милано пристигна во Скопје и веќе ги води тренинзите на Вардар, соопштија од клубот.
Милано имаше неколку тренинзи со тимот и лично се запозна со секој од ракометарите.
Екипата тренира во „Јане Сандански“ а поштеда имаат само неколкумина ракометари кои се жалат на ситни повреди.
Милано треба да дебитира на клупата на „црвено-црните“ во сабота на мечот против Струга од 11 коло на Супер лигата.