Миланов: Здравствената состојба на Камчев не е добра

од Берта Китинска
293 прегледи

Во конкретниов случај, пред се, не може да оди оваа правна квалификација на овој начин и со ваков обвинителен акт, затоа што според она што денеска го кажа обвинителката, оној што прв ги пуштил парите во промет не може да биде обвинет, бидејќи не се исполнети законските претпоставки, рече адвокатот на Јордан Камчев, Еленко Миланов по завршувањето на судењето за случајот „Плацови на Водно“.

-Слушнавме во воведниот говор нови докази, за наводни транскакции. Економски трансакции без економско вештачење како што не е најавено од Обвинителството, не може да има. Ќе докажеме дека ништо од ова не е со средства на тој начин или на било кој друг , туку дека сите средства од деловно работење на Орка компанијата.  Сакам уште еднаш да упатам апел до сите институции дека здравствената состојба на Камчев, за која доставивме обемна медицинска документација, од четири институции и од безмалку сите кардиоваскуларни стручњаци во Р.М. укажуваат на голем ризик од условите во кој се наоѓа може да има страшен ризик по неговото здравје, додаде Миланов.

Слични содржини