Милановиќ ќе го условува приемот на Финска и Шведска во НАТО

од Nikola Popovski

Западните земји или високиот претставник во БиХ треба да го натераат Сараево да ја прифати промената на изборниот закон во таа земја или Хрватска ќе го блокира патот на Финска и Шведска кон НАТО, изјави синоќа хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, нагласувајќи дека ги брани виталниот хрватски интереси.

На откривањето на споменикот на жртвите на холокаустот и усташкиот режим во Загреб, Милановиќ изјави дека премиерот Андреј Пленковиќ вчера бил нејасен, бидејќи не зазел јасен став за неговата иницијатива Хрватска, како членка на НАТО, да ги блокираат Шведска и Финска додека Западот не ја притисне бошњачката страна да се согласи со промена на изборниот закон, кој им штети на тамошните Хрвати.

„Или Западот ќе го принуди Бакир Изетбеговиќ да усвои цивилизирано решение во согласност со Дејтон, кое ќе ги спречи на Хрватите да им крадат гласовите и да избираат не-Хрвати во Домот на народите, или високиот претставник Кристијан Шмит ќе нареди тоа да се спроведе“, рече Милановиќ, пренесува Индекс.

„Ако тоа не го добиеме до крајот на годината, додаде тој, ќе направам се за да го блокирам приемот на Шведска и Финска во НАТО во хрватскиот Сабор“.

Милановиќ истакна дека е свесен оти тешко ќе се спроведе, бидејќи мнозинството во Собранието г чини партијата ХДЗ, која нема да гласа за ваква блокада.

Ќе видиме колку овие луѓе се подготвени да ги газат хрватските интереси поради нивните ситни кариеристички кукавички амбиции, нека биде цела ХДЗ против“, рече Милановиќ.

Тој нагласи дека нема ништо против Финска и Шведска, туку единствена цел му е да ги заштити интересите на Хрватите во БиХ.

„Не сакав да го направам ова, но немам избор поради грубоста во Сараево“, рече хрватскиот претседател, додавајќи дека мисли на СДА и на „колонијалната администрација во БиХ“, како што ја нарече Канцеларијата на високиот претставник.

„Моја задача е да го заштитам хрватскиот народ, дури и ако тоа не го пишува во хрватскиот Устав, јас сум претседател на хрватската национална држава“, порача Милановиќ.

Слични содржини