Милановиќ: Преговорите на БиХ со ЕУ ќе траат 500 години, подолго отколку што беа под Турците

Хрватскиот претседател би побарал да им се гарантира на Хрватите во Босна и Херцеговина право да бираат свој член на Претседателството.

од Бети Божиноска
281 прегледи

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави денеска дека во Брисел на Европскиот совет ќе гласа за отворање на преговорите за членство на БиХ во Европската унија и посочи дека за тоа би бил и премиерот Андреја Пленковиќ, пренесува „Дневни аваз“.

Тој, сепак, е на мислење дека овие преговори за влез на БиХ во ЕУ ќе траат долго, како што вели, „500 години и подолго отколку што беа под Турците“.

Милановиќ додаде дека ако е тој на местото на Пленковиќ, тој ќе побарал –  а премиерот не побарал „бидејќи ќе требало малку да им се замери и повеќе нема да има можност“ – да им се гарантира на Хрватите во Босна и Херцеговина право да бираат свој член на Претседателството.

„Треба да се бориме за она што им е украдено, она што им припаѓа според Дејтон, што Пленковиќ не се осмели да го направи, а јас веднаш ќе го сторам тоа“, тврди Милановиќ.

Слични содржини