50
Според излезните анкети, актуелниот претседател на Хрватска и кандидат на СДП и коалицијата, Зоран Милановиќ победува во првиот круг и добива уште еден претседателски мандат со 51,48 отсто од гласовите.
Резултатите од првите излезни анкети сугерираат дека Милановиќ би можел да победи уште во првиот круг.
По објавувањето на првите излезни анкети, Милановиќ објави слика на Фејсбук во која накратко напиша: „Благодарам!“.
Според првичните анкетни резултати, кандидатот на ХДЗ и коалицијата, Драган Приморац освоил 19,29 отсто од гласовите.
За највисоката државна функција се тркаа вкупно осум кандидати.