Милановиќ утре во официјална посета на Македонија

од Nikola Popovski
40 прегледи

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (07.05.2025), поради официјална посета на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Предвидено е Милановиќ да има средба со својата домаќинка, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како и со други македонски официјални претставници.

Милановиќ последен пат беше во официјална посета на земјава пред 11 години кога се сретна со тогашниот шеф на македонската држава, Ѓорѓе Иванов. Беше примен и од тогашниот премиер Никола Груевски.

Слични содржини