Милатовиќ: Црна Гора е загрижена за ситуацијата на северот на Косово

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска изјави дека Црна Гора е загрижена за ситуацијата на северот на Косово.

Во пресрет на почетокот на самитот на НАТО, на прашање на Танјуг, тој рече дека земјата го поддржува планот на ЕУ за деескалација и дијалог меѓу Белград и Приштина во согласност со платформата претставена од ЕУ.

„Тоа му го кажав на претседателот (на Србија, Александар) Вучиќ. Се надевам дека ситуацијата наскоро ќе се смири. Црна Гора игра конструктивна улога на Западен Балкан“, рече тој.

Слични содржини