Милатовиќ: Западен Балкан ќе биде стабилен само кога ќе биде дел од ЕУ

од Vladimir Zorba
359 прегледи

Западен Балкан ќе биде стабилен само кога ќе биде дел од Европската унија (ЕУ), смета претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На прашањето за односите со Москва од почетокот на инвазијата на Украина, тој рече дека Црна Гора од првиот ден има ист став како ЕУ.

„Ги одобривме санкциите, ги отворивме границите за бегалците, речиси десет проценти од нашето население во моментов се состои од украински бегалци. Ние сме мала земја, но десет проценти од нашиот воен буџет беше искористен за поддршка на Киев“, рече Милатовиќ.

Тој посочи дека Црна Гора како членка на НАТО ја поддржува линијата што беше утврдена на последниот самит во Вилнус.

На прашањето какви последици имаа врз Црна Гора конфликтите во Косово со учество на војниците на НАТО, Милатовиќ рече дека Црна Гора секогаш го поддржувала дијалогот меѓу Белград и Приштина под капата на ЕУ.

„Одржувањето избори на северот на Косово може да биде чекор во вистинската насока. Црна Гора е и туристичка дестинација, треба да живееме во стабилен регион“, изјави Милатовиќ.

Слични содржини